Еден од најдобрите боксери на денешницата и голема ѕвезда во тешка категорија Британецот Тајсон Фјури, откри дека ја прифатил понудата на Мајк Тајсон да одработат еден егзибиционен натпревар.

-Добив телефонски повик со прашањето дали би се борел со Тајсон во егзибиционен меч.  Нормално дека прифатив, изјави Фјури, кој пред неколку месеци го декласираше Американецот Дионтеј Вајлдер и стана светски шампион во ВБЦ верзијата.

Фјури смета дека Мајк Тајсон е сериозен во намерата да одработи неколку мечеви, но верува дека станува збор исклучиво за егзибиционен меч.

-Видов дека постои реалаен изглед во рингот да се пресмета со Ивандер Холифилд. Сметам дека Мајк и Холифилд се малку престари за тоа, но кој сум јас да говорам за што некој е способен, изјави Фјури.

Светските медиуми претходно јавија дека е близу реализацијата на мечот меѓу Тајсон и Холифилд и тоа во јули во Саудиска Арабија. Сега се очекува реализација на уште еден егзибиционен меч и тоа уште еден спектакл меѓу актуелниот шампион во светот во ВБЦ верзијатаи своевремено неприкосновениот владетел во рингот.