epa08960864 Croatia's head coach Lino Cervar reacts during the Main Round match between Argentina and Croatia at the 27th Men's Handball World Championship in Cairo, Egypt, 23 January 2021. EPA-EFE/Anne-Christine Poujoulat / POOL

Порнаешниот тренер на македонскиот ракометен тим Металург и поранешен селектор на Македонија и Хрватска, Лино Червар, нема повеќе функција во Хрватскиот ракометен сојуз

ХРС ја укина функцијата координатор на машките репрезентации и Червар остана без работа по Мундијалот во Полска и Шведска.

-Добив отказ во предвечерието од одбележување на првата и единствена титула светски шампион. Ваквото однесување со мене е понижување. Сакам да го видам животниот пат на луѓето кои ја донесоа оваа одлука. Многу ме интересира што мислат за оваа одлука највисоките институции на хрватскиот спорт, Олимпискиот комитет и Министерството за спорт. Сакам да знам како тие гледаат на ваквото понижување, изјави Червар.

Покрај Червар, ХРС го смени и селекторот Хрвоје Хорват, на чие место дојде Горан Перковац, а замина и целиот претходен стручен штаб.