„ДОАЃААТ ТЕШКИ ВРЕМИЊА“: Инфлацијата дивее, предупредува шефицата на ММФ

113
Фото: EPA

Директорката на ММФ Кристалина Георгиева предупреди дека за светската економија доаѓаат „тешки времиња“. Георгиева учествуваше на меѓународната конференција што се одржа во Дубровник, на која се расправаше за проблемите на светската економија. Таа за хрватската телевизија нагласи дека проблемите на светската економија не можат да се сведуваат само на висока инфлација и бавен економски раст.

„Глобалната економија се очекува да порасне за 2,8 отсто оваа година. Лани беше 3,4 отсто, пред две години беше 6,1 отсто. Поголем проблем е постојаната инфлација. Затегнувањето на монетарната политика имаше ефект на одреден пад на вкупната инфлација, но базичната инфлација е поупорна, што значи дека каматните стапки ќе мора да бидат високи на подолг временски период. Најголемата грижа е долгорочниот потенцијал за раст. Во следните пет години се предвидува раст од само 3 проценти“, изјави таа за ХРТ.

„Европа ќе го води патот во забрзување на енергетската транзиција“

На прашањето дали постои опасност од растење на глобалната сиромаштија, таа рече дека тоа веќе се случува и дека се очекуваат тешки времиња во следните неколку години. Основната причина за таквата ситуација е во руската агресија врз Украина, која се прелева во целиот свет. Георгиева смета дека инвазијата на Украина избриша нешто во кое уживавме 30 години, дивидендата на мирот од крајот на Студената војна.

„Трошоците за одбрана се зголемуваат, остануваат помалку пари за развој во државите и помош за сиромашните држави“, продолжи таа.

Сепак, таа ги наведе и позитивните страни на руската агресија, како што е фактот дека Европа брзо се ослободи од зависноста од руската нафта и гас.

„Краткорочно тоа не беше добро за енергетската транзиција бидејќи земјите беа принудени да користат повеќе јаглен и нафта, но долгорочно убеден сум дека Европа ќе предводи во забрзувањето на енергетската транзиција. Во Хрватска гледам големи иницијативи и инвестиции кои ќе и помогнат на Хрватска да и помогне на Европа“, заклучи таа.