Салата „Борис Трајковски“ ечеше од познатите хитови на ДНК „Навлечен на тебе“, „Пази се од мене“, „Авион“, „Срце“, „Милион денови“, “Што сака нека биде“… Се пееше и заедно со Наум Петрески , гости беа и Мина Блажев, Јанг Дади, Мартин Буцо Битбокс Атанасовски, Таско… Атмосферата дополнително ја загреа и оркестарот „Агушеви“ со големиот хит на ДНК, „Ако утре ме нема“, а Панчо порача: „Ова е химна на животот. Не заборавајте дека во животот се најважни „Те сакам, благодарам и извини“

 

Панчо и Андреј од дуото ДНК ветија спектакуларна вечер за 20 години на естрада и ветувањето го исполнија во целост. Нивниот славенички концерт, кој се одржа завчеравечер во полната сала на арената „Борис Трајковски“ во Скопје, беше празник за душата.

Тоа го покажа публиката која со овој музички двоец во еден глас ги пееше нивните хитови и не ги штедеше дланките за бурен аплауз по секоја испеана песна. А Андреј и Панчо заедно со своите пријатели, на сцената направија се оваа вечер нивните фанови никогаш да не ја заборават.

Салата „Борис Трајковски“ ечеше од познатите хитови на ДНК „Навлечен на тебе“, „Пази се од мене“, „Авион“, „Срце“, „Милион денови“, „Што сака нека биде“…

На сцената се качи Тамара Тодевска која ја испеа „Фрази љубовни“, публиката ја слушна Магдалена Ена-Цветкоска со песната „Од утро до мрак“, се пееше и заедно со Наум Петрески, кој ја исполни нумерата „Стојам сам“ на ДНК… Се испеа и хитот „Громови на душа“ од Тоше Проески. Гости беа и Мина Блажев, Јанг Дади, Мартин Буцо Битбокс Атанасовски, Таско… На сцената заигра и танчарка…

Атмосферата дополнително ја загреа и оркестарот „Агушеви“ со големиот хит на ДНК, „Ако утре ме нема“, а Панчо порача: „Ова е химна на животот. Не заборавајте дека во животот се најважни „Те сакам, благодарам и извини“.

Интересно е што на концертот на ДНК можеше да се види публика од сите генерации и сите пееја во глас. Дојдоа и, политичари, спортисти, уметници, колеги музичари…

Ова беше вечер полна со емоции, вечер на македонска музика, вечер која не се заборава…

Фото: П. Стојановски