Монодрамата „Дневникот на лудиот“ со актерот Бобан Алексоски, а во режија на Ѓорѓи Ризески ќе биде изведена вечер, со почеток во 21 часот, во дворот на Театар Куманово.

“Претставата имаше неколку успешни изведби во целата држава и ги покануваме кумановци да дојдат и да ја проследат, изјави директорот на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, Сашо Тодоровски.

„Дневникот на лудиот“ e провокативен текст, кој иако напишан во 1835 година сè уште е актуелен. Монодрамата зборува за оттуѓеноста, за снаоѓањето или неснаоѓањето на
човекот во денешново модерно време. Време во кое емоциите се потиснати, а човекот е оставен сам да се снаоѓа и да се носи со сите предизвици.

Влезот ќе биде слободен, со ограничен број на места. Посетителите ќе мора да ги запазат сите здравствени протоколи и мерки.