Дневен ковид биланс:Регистрирани 107 позитивни на вирусот од 1668 тестирања, 19 лица починаа, оздравени 247 пациенти

72

Од направени 1668 тестирања, за последните 24 часа, регистрирани се 107 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, со што вкупната бројка на активни лица со Ковид-19 изнесува 6.759. Оздравени се 247 пациенти, а пријавени се 19 починати лица или вкупно од почетокот на пандемијата 6.964 починати од коронависрусот.

Министерството за здравство информираат дека од позитивните најмногу се во Скопје – 83, Прилеп – 6, Куманово и Кавадарци – по 4, Битола – 3, Неготино – 2, Штип, Кичево, Кочани, Гевгелија и Пробиштип – по 1.

Од починатите, 12 се од Скопје, на возраст 86г, 84, 80г, 75г, 75г, 73г, 67г,65г,63г, 57г, 48г и 39г, две починати лица од Куманово 71г и 42г и по едно починато лице од Богданци 70г, Велес 73г, Гевгелија 69г, Кичево 69г и Македонска Каменица 87г. Сите пријавени лица се починати во болнички услови.  Дополнително, согласно Регистарот, умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, од Министерството соопштија дека пријавени се уште пет починати лица, со датум на смрт од 16 септември 2021 до 4 октомври 2021 година. Од нив двајца починати се од Скопје, и по едно починато лице од Тетово, Гевгелија и Велес, на возраст од 59 до 79 години. Од пријавените лица три се починати во болнички услови, а две во домашни услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 197.197. Бројката на оздравени пациенти е 183.474, на починати е 6.964, а бројот на активни случаи изнесува 6.759.