Најтрофејниот клуб во Серија А, Јувентус, има сериозен проблем со аргентинскиот интернационалец Анхел ди Марија, открија фудбалските медиуми на Апенинскиот полуостров. Крилниот напаѓач е сфесен дека поради казната од минус 15 бода „старата дама“ нема да обезбеди место кое води во Лигата на шампиони и затоа побарал од клупските челници да го продадат најкасно за време на летниот преоден рок.