Ди Марија е се поблиску

102

Најпознатиот фудбалски новинар во Италија, Фабрицио Романо, откри дека челниците на најтрофејниот клуб во Серија А, Јувентус, испратиле побогата понуда до агентот на аргентинскиот интернационалец од редовите на францускиот гигант ПСЖ, Анхел ди Марија. Крилниот напаѓач на крајот од месецот ќе има статус на слободен фудбалер и ќе може да се пресели во Торино без никакво обештетување.