Дијалог на стопанствата на Западен Балкан и ЕУ за побрза интеграција во единствен пазар

31

Европската комисија и Форумот за инвестиции на Западен Балкан (КИФ ЗБ 6) покренаа заедничка деловна платформа „ЗБ6-ЕУ“, што обединува бизнисмени од регионот и претставници на ЕУ со цел зајакнување на дијалогот и поддршка на економиите од Западен Балкан да се подготват за интеграција во европскиот единствен пазар. Тоа го соопшти српската Стопанска комора.

Претседателот на Комората, и претседавач со КИФ ЗБ6, Марко Чадеж, ја истакна важноста од зајакнување на дијалогот меѓу деловната заедница од регионот и ЕУ, како и инклузивно проширување, прогресивно отворање на единствениот европски пазар за компании и производи од Западен Балкан.

„Со воспоставување  заедничка платформа и зајакнување на дијалогот помеѓу деловната заедница од Западен Балкан и институциите на ЕУ, ние ја поставуваме сцената за ефикасно решавање на сите важни деловни прашања за нашите компании, кои во голема мера ги исполнуваат сите европски стандарди“, нагласи Чадеж.

Комесарот на ЕУ за соседство и проширување Оливер Вархели го поздрави покренувањето на деловната платформа за која рече дека е „важна за подобрување на нашата стратешка соработка и ангажман со деловната заедница од Западен Балкан“.

Тој рече дека очекува јавно-приватен дијалог за да се олесни спроведувањето на економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан.

„Тешко е да се најде причина зошто не би го прифатиле регионот како дел од ЕУ“, додаде Вархеји.

Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан, усвоен во октомври 2020 година, има за цел да го зајакне долгорочното закрепнување на економијата во регионот, да ја поддржи зелената и дигитална транзиција, да ја зајакне интеграцијата во регионот и ЕУ и предвидива инвестиции во регионот во вредност од девет милијарди евра.

Во дискусијата, Деловниот совет на КИФ ЗБ 6, кој се 16 водечки компании од Западен Балкан, истакна голем број важни прашања и предизвици во работењето на компаниите на пазарот на ЕУ.

„Претставниците на Еликсир, Тиквеш, Балфин груп, Алкалоид, ја истакнаа потребата од поедноставување на процедурите за побрз проток на стоки кон ЕУ, скратување на времето на чекање на граничните премини меѓу Западен Балкан и ЕУ, важноста на дигитализацијата и инвестициите во инфраструктурата, земјоделство и енергија“.

Деловната заедница од Западен Балкан очекува поддршка од ЕУ во спроведувањето на Зелената агенда, подобрување на енергетската ефикасност и зголемување на употребата на водород и биомаса, како и во пренесување знаење и технологија за да се запрат младите луѓе да го напуштаат Западен Балкан, јави Бета.