Драмските видео читања Дисперзирана драматика (Сирота мала богата драма во Кратово – драми во движење), проект на Македонскиот центар ИТИ/ПРОДУКЦИЈА, ќе се прикажува на јубилејното 10. издание на Меѓународниот фестивал за експериментален театар во Шангај.

Фестивалот се реализира онлајн, а почнува денеска и ќе трае до 27 ноември 2020 година.

Годинава експерименталниот театарски фестивал во Шангај носи 13 нови продукции: од Кина, Грција, Србија, Италија, Република Северна Македонија, Иран, Украина, Република Сан Марино, Бангладеш и Велика Британија.