Диско журките почнуваат во ноември, но само за вакцинираните со две дози!

Владата дозволи од 15 ноември да се отворат ноќните клубови и баровите, само под услов посетителите да се вакцинирани со две дози. Освен со сертификат за примени две дози вакцина во кафеана, ноќен клуб и на свадба може да се оди и со потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена. Од Владата информираат дека се дозволува организирање и одржување на семинари, обуки, курсеви, состаноци, работилници, конференции во затворениот дел на објектите до 50 отсто исполнетост од капацитетот на просторот. Оваа одлука се однесува и за влез во секаков вид на објекти од затворен тип, угостителските објекти, објекти за сместување, бензинските станици, во казината и обложувалниците...

243

Од 15 ноември започнуваат со работа и ноќните клубови и баровите со потврда за примени две дози вакцина и со 50 отсто потполнетост на капацитетот во затворениот дел на објектите. Ноќните клубови кои не работат од почетокот на пандемијата пред една недела се заканија дека и без одобрение на Владата од овој викенд ќе ги отворат клубовите. Сопствениците на ноќни клубови сметаат дека нема логика граѓаните да се вакцинираат и да можат да одат во кафулиња, кафеани и на свадби, а да не можат да ода во ноќен клуб.

Освен дозвола за работа на ноќните клубови од Владата информираат дека се дозволува организирање и одржување на семинари, обуки, курсеви, состаноци, работилници, конференции во затворениот дел на објектите до 50 отсто исполнетост од капацитетот на просторот. Оваа одлука се однесува и за влез во секаков вид објекти од отворен и затворен тип, угостителските објекти, објекти за сместување, бензинските станици, во казината и обложувалниците…. Покрај сертификат за примени две дози вакцина во кафеана, ноќен клуб и на свадба може да се оди и со потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена.

Од Независната угостителска комора сметаат дека одлуката со која се зголемува број на вакцинирани лица кои можат да престојуваат во угостителски објекти не може да влијае на зголемување на број на новозаболени. Оттаму појаснуваат дека доколку има зголемен број на заболени тој нема да биде резултат на олабавување на протоколите за работа во угостителските објекти бидејќи ако на невакцинираните им е забранет влез, тогаш како тие може да се заболат во угостителските објекти.

-Мерката со која се забрани посета на угостителски објекти на невакцинирани лица требаше уште на почеток да биде проследена со укинување ограничувањата на бројот на гости во затворениот дел. Сега истата нема битно да влијае на зголемување на бројот на гости и на приходите на угостителските објекти, а веќе создава проблеми и недоразбирања пред сè поради начинот на толкување од страна на угостителите и инспекторите за тоа колку претставува 50 отсто капацитет во еден угостителски објект ако гостите стојат или колку ако седат без ограничување на максималниот број на лица на една маса, велат од НУК за ВЕЧЕР.

Според сопствениците на ноќни клубови, изминатите неколку недели во текот на изборната кампања на митинзите имаше присуство на илјадници граѓани, а каде, како што велат, не постоеше никаков безбедносен протокол, ниту во делот на присуство на имунизирани лица, ниту во делот на носење на маски, ниту пак во делот на одржување на физичко растојание.

Согласно постојните протоколи во угостителските објекти и понатаму треба да се обезбеди растојание од столче до столче од 1,5 до 2 метра со соседните маси во сите правци поради што веќе е преполовена можноста на бројот на гости кои можат да престојуваат во угостителскиот објект. Поради тоа угостителите сметаат дека носењето на оваа мерка требаше да биде многу порано во пакет проследена со укинување на останатите точки од протоколите за работа.

(А.С.)