Дирекцијата за заштита и спасување, по најавите за топлотниот бран кој од утре ќе ја зафати нашата земја, препорачуваат да се почитуваат превентивните мерки и активности за заштита од шумски пожари и друг тип пожари на отворен простор.

Од Дирекцијата апелираат до граѓаните да не фрлаат цигари и догорчиња, стаклен отпад и стаклени шишиња, да не палат оган на отворен простор и во шума, отпад и друг горлив материјал и стрништа и меѓи. Редовно да се коси тревата што е во нивна сопственост, а доколку забележат пожар веднаш да ја известат Територијалната противпожарна единица на бесплатниот телефонски број 193.