Директорот на Зоолошка градина во Мексико заклал џуџести кози и ги послужил на гости како божиќна вечера

129

Поранешен директор на зоолошка градина убил четири пигмејски кози, па ги послужил на божиќна забава. Животните наводно биле заклани и сварени во просториите на зоолошката градина.

Хозе Рубен Нава беше отпуштен од функцијата директор на зоолошката градина во градот Чилпансинго во јужно Мексико на 12 јануари, откако во зоолошката градина беше пронајден мртов елен.

Властите соопштија дека истрагата открила дека животните кои се дел од колекцијата на зоолошката градина биле продадени, тргувани или изедени по наредба на Нава.

Инспекторите во вторникот рекоа дека некои од животните наводно биле продадени, тргувани или изедени по налог на Нава, објави „Гардијан“.

„Овие четири животни беа заклани и зготвени во просториите на зоолошката градина, а потоа беа послужени на божиќната забава“, изјави Фернандо Руиз Гутиерез, директор на одделот за диви животни.

Според податоците на државниот сектор за животна средина, Нава наводно продавал елени и добиток на приватни лица, без соодветна документација.