Директорот на зоолошката во Белград го виде живеалиштето за шимпанза во Скопје  

266

Директорот на Зоолошката градина во Белград- “Врт добре наде”, Србољуб Алексиќ беше во работна посета на Зоолошката градина- Скопје. Тој се сретна со директорот на Зоолошка градина-Скопје, Ѓорѓи Галетановски, при што договорија плодна соработка и во иднина, како и меѓусебно помагање и споделување на искуства во изградба на нови живеалишта и нега на животните.

Господинот Алексиќ денеска ќе го види и живеалиштето за шимпанза во Скопје, бидејќи наскоро и во Белград ќе започне изградба на нов дом за овие животни.