Дипломатски брифинг на СДСМ за справување со пандемијата и организација на предвремените избори

43

Денес во просториите на СДСМ заменик-претседателката на партијата Радмила Шекеринска, членот на ИО Рената Дескоска, меѓународниот секретар на СДСМ Бојан Маричиќ и носителот на кандидатската листа во ИЕ1 Никола Димитров, одржаа дипломатски брифинг на актуелни теми.

На брифингот беа поканети и учествуваа амбасадори и претставници на амбасадите на државите членки на ЕУ, Обединетото Кралство, САД, ЕУ и ОБСЕ.

Се зборуваше за мерките кои се преземаат за справување со пандемијата и организација на предвремени парламентарни избори во најскоро можен рок.

Нашите претставници истакнаа дека за СДСМ остануваат приоритетите за заштита на здравјето на граѓаните, рестартирање на новата македонска економија, зајакнување на демократијата и демократските институции.

Претставниците на СДСМ ги запознаа дипломатите со напорите за справување со кризата и за планот за нормализација на животот во државата согласно новите услови.

Одговорно пред се за здравјето на граѓаните, економијата и демократијата е изборите да се одржат во првиот можен рок, пред новиот бран од коронавирусот наесен кој треба да го дочекаме целосно подготвени, со Собрание и Влада со полн легитимитет.

Заради одговорност пред државата и грижа за граѓаните, укажаа на цврста определба да се почитуваат уставот и законите и да се одржат изборите согласно роковите од 22 дена по завршување на вонредната состојба.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ