Димковски: Има заинтерсирана компанија од Турција за новата реколта тутун

33

Официјално заврши откупот на тутунот од ланската реколта, а почнаа подготовките за новата реколта. На деветте откупувачи ќе им се придружи и уште една заинтересирана компанија од Турција, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, при денешната посета на Тутунскиот комбинат во Прилеп.

Димкоски рече дека почнаа да се прават договорите помеѓу производителите и откупувачите и годинава нема повеќе бели картони.

-Веќе почнаа подготовките за новата реколта во 2020 година, почнува да се прават и договорите. Од годинава не важат белите картони, туку производителите со решенијата што ќе ги добијат од подрачните единици на Министерството за земјоделство, ќе може со откупувачите да прават нови договори. Регистерот на откупувачите се води во Министерството. Покрај  деветте регистрирани откупувачи, има уште една компанија од Турција која пројави интерес. Верувам брзо ќе се регистрира за да може да склучува договори со производителите за оваа реколта, изјави Димковски.

Тоа, потенцира значи дека интересот за тутунот се зголемува, бидејќи производителите со откупувачите почнуваат да разговараат за новите договори.

-Како Министерство сме тука за поддршка и медијација на разговорите за новата сезона да биде подготвена и да не се случуваат непредвидени работи, потенцира Димковски. 

МИА