Димитров: Ја градиме нашата иднина како стратешки партнери со САД и НАТО сојузници

70

Македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров на својот Твитер профил непосредно по пристигнувањето на Помпео, напиша:

,,Пред 25 години е отворена Канцеларијата за врски на САД во Скопје . Денеска , ние ја градиме нашата иднина како стратешки партнери и НАТО сојузници. Имав привилегија да му посакам добредојде на Мајк Помпео во Северна Македонија.”

Димитров го пречека високиот гостин нa охридскиот аеродром, за потоа да се сретнат со претседателот Пендаровски и со премиерот Заев.