Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ беше најзаслужен за победата на Уникс Казан против Партизан во ВТБ-суперкупот. На меч за бронзата, победи рускиот тим со 83:77.

Димитријевиќ ги освои срцата на навивачите откако постигна дури 30 поени против српскиот гигант, па благодарение на учинокот, ја доби наградата и за играч на мечот.