Шпанскиот кошаркарски клуб Валенсија ја оствари осмата победа во групната фаза од Еврокупот, откако славеше на домашен терен над Будуќност со 103:76.

Солиден придонес во триумфот на шпанскиот тим имаше и македонскиот плејмејкер Ненад Димитријевиќ кој за 17 минути минати на терен реализираше четири поени (2/3 од поле) и шест асистенции, а најефикасни во неговиот тим беа Хермансон со 16 и Риверо со 15 поени. На спротивната страна прво име беше Џастин Кобс со 15 коша.