Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ е близу до потпис со екипата на Валенсија. Оваа информација ја пласираа неколку шпански медиуми, меѓу кои и локалното радио „99,9 Валенсија“, кој објави и детали за трансферот на Димитријевиќ од Хувентуд во евролигашот. Според овој извор, Валенсија на Хувентут ќе му плати отштета од 300.000 евра, а Димитријевиќ ќе има годишна плата од 500.000 што е значајно зголемување во однос на неговите примања во каталонскиот клуб.

Валенсија игра во Евролигата и летово донесе многу засилувања во своите редови. Конкуренција на македонскиот плејмејкер ќе му бидат Мартин Хермансон, Сем ван Росом и Гијем Вивес.