Независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово од „За наше Куманово“ Максим Димитриевски, носителката на листата Ивана Ѓорѓиевска, денеска се сретнаа со претставници на туристички агенции од Куманово и ги слушнаа нивните потреби и ја презентираа програмата со која настапуваат на локалните избори.
Димитриевски најави дополнителен развој на туристичките локалитети во околината на градот, пред сè на Бислимската клисура, но и мерки и поддршка за локалните агенции.
– Во следниот мандат продолжуваме со грижата во секој сектор, вклучително и за развојот на туризмот во Куманово. Ќе стимулираме алтернативен туризам, бањски туризам и ќе продолжиме со развој на спортскиот туризам во Бислимската клисура. Планираме поддршка и помош на локалните туристички агенции, затоа што туризмот е важен за Куманово, рече Димитриевски.