По убедливиот пораз на Работнички од Широки Бријег со 106:77, тренерот на македонскиот претставник Димитар Мираковски беше бескрајно разочаран од целокупниот пристап на своите избраници одобено во второто полувреме, кога тимот од „Градски парк“ прими дури 71 поен, а постигна 40.

  • Ова е фрапирачки факт. Честитки за екипата на Широки, имаа повеќе желба за победа. Јас искрено не знам дали некогаш се случило вакво нешто во едно полувреме. Знам дека ова е тежок систем на натпреварување, секои два дена се игра натпревар, интензитетот е силен и дека има падови, меѓутоа 70 поени не смеевме да примиме за едно полувреме. Во сите елементи потфрлиовме во вториот дел. Игравме без енергија, едноставно не правевме ништо на теренот. Ова е голем срам за нас, со ваков пристап на некои играчи е недозволиво. Јас знам дека некои кошаркари немаа играно повеќе од година дена, знам дека натпреварувањерто е од силен карактер, но толку поени е срамно да се примат за едно полувреме, истакна Мираковски по натпреварот.