Италијанскиот боксер Даниеле Скардино, има преболено толку многу удари, но последниот што му го зададе неговата девојка Дилета Леота, никако не може да го преболи. Тој се раслака во едно телевизиско шоу кога го прашаа за разделбата со неговата веќе поранешна девојка.

Таблоидите шпекулираа дека љубовната врска со боксерот згаснала бидејќи таа има афера со легендарниот Златан Ибрахимовиќ, со кого сними две реклами во последно време, а беа фатени и на вечера во еден луксузен ресторан.

-Јас ја сакам! Таа ми беше многу важна во животот, нешто најдобро што ми се случило. Боксер сум и не се фрлам на под, ама откако таа ме остави – нокаутиран сум! Сакам да ми се врати. Ќе направам сè за повторно да бидам со неа, кажа Даниеле.