ДИК: Обработени 93,96 отсто од податоците по избирачките места, води Коалицијата „Можеме“

106

Од обработени 93,96 отсто од избирачките места, Коалицијата предводена од СДСМ „Можеме“ води со освоени 36,13 отсто од гласовите, пред Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со 34,65, ДУИ 11,57, Алијанса на Албанците и Алтернатива 8,79, Левица 3,96, ДПА 1,48, а Интегра 1,33 отсто.

ГДУ освоила 0,37 отсто од гласовите, МОРО 0,36 , Глас за Македонија 0,3, Единствена Македонија 0,29, СДУ 0,27, Твоја 0,2, Демократи 0,17, а Народна партија на Ромите 0,15 отсто од гласовите.

Портпаролот на ДИК Адмир Шабани на прес-конференција рече дека вечерва нема да биде соопштено која партија колку мандати освоила.

Распределбата на манадатите, како што додаде, ќе биде направена утре откако ќе бидат добиени и целосно обработени сите податоци. Шабани повтори дека веб страницата на ДИК била цел на надворешен хакерски напад и дека стручни лица работат на нејзино повторно ставање во функција, а надлежните институции ќе треба да утврдат што точно се случило.