ДИК: До 17 часот на гласање излегле 41,38 отсто избирачи

74

До 17 часот гласале 41,38 отсто односно 547 284 граѓани со право на глас, соопшти Државната изборна комисија, според добиени податоци од вкупно 2545 избирачки места во државата за Локалните избори 2021.

Најголема излезеност до 17 часот има во Новаци, 69,76 отсто од запишаните гласачи, Вевчани 64,27 отсто, Лозово 64,13 отсто, Дојран 62,42 отсто, Конче 61,91, Демир Хисар 60,95, Крушево 60,67 отсто и во Македонски Брод 60,1 отсто.

Според податоците на ДИК, најмал одѕив за гласање до 17 часот има во Брвеница 24,83 проценти, Шуто Оризари 25,57, Маврово и Ростуше 27,82 отсто, Центар Жупа 28,07 отсто, Боговиње 28,21, Липково 28,28 отсто, Студеничани 29,34 отсто,  Желино 29,42 отсто, Врапчиште 29,7 отсто.

Од скопските општини најмногу избирачи на гласање  излегле во Карпош 42,54 проценти, Кисела Вода 41,45, Центар 40,42 отсто, Аеродром 40,27 отсто, Бутел 40,07 отсто, Ѓорче Петров 39,68 отсто, Гази Баба 37,64 отсто, Чаир 34,83, Сарај 31,92 и Шуто Оризари 25,57 проценти.