ДИК: Градоначалници добија 34 општини

123
Од досега обработените податоци, градоначалници се избрани во 34 општини. Од нив, во 22 општини новите градоначалници се од ВМРО-ДПМНЕ, во девет општини се на СДСМ, а во три општини најмногу гласови освоиле кандидатите на ДУИ, соопшти вечерва претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски.

Во вториот круг во најголем дел од општините ќе се избира меѓу кандидатите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, додека во седум општини во вториот круг се кандидатите на Алијанса за Албанците и ДУИ. Во две општини во вториот круг се кандидатите на ДУИ и БЕСА.

Во Центар Жупа и Маврово-Ростуше ќе се повтори изборната постапка поради неисполнување на законскиот услов од една третина од запишаните гласачи кои излегле на гласање, соопшти вечерва Државната изборна комисија.

Даштевски соопшти дека досега до ДИК не се пристигнати приговори.