Дива Индија: Tигрица се засолнила да дремне во една куќа/фото

91

Тигрица која побегнала од Националниот парк во провинцијата Асам, пронајдена е како се одмора во кревет во една приватна куќа.

Се претпоставува дека побегнала од паркот Казиранга, каде 92 животни угинале претходните неколку дена, откако овие области ги зафатија стравични поплави, пренесе БиБиСи.

Откако била откриена, претставници на здруженијата кои се занимаваат со заштита на диви животни, ја извеле од куќата и безбедно ја вратиле во дивината.

https://twitter.com/wti_org_india/status/1151722489610944513