Хрватскиот ракометен шампион ППД Загреб, ја забележа првата победа во Лигата на шампионите, откако во рамките од 3. коло на домашен терен го победија Порто (клуб во за кој брани македонскиот голман Никола Митревски) со 29:23 (16:15). Хрватскиот тим одигра убедливо второ полувреме во кое го скрши отпорот на гостите за прва радост во елитното натпреварување.

Најдобар играч во тимот на Хрватите беше Тимур Дибиров со десет гола, а Кавчиќ натпреварот го заврши со шест погодоци. Македонскиот репрезентативец Никола Митревски меѓу стативите на Порто имаше осум интервенции.

Пари Сен Жермен на Раул Гонзалес беше убедлив на гостувањето кај Магдебург и славеше со 29:22. Најефикасен на мечот беше Филип Вебер со седум погодоци, додека кај парижани се истакнаа екс-вардарецот Кристопанс, Соле, Сипжак и Пранди со по пет гола.

Ракометарите на Киелце победија на гостувањето кај Алборг со 30:28. Со шест погодоци од осум обиди најкорисен на теренот беше Аркадиуш Морито, а кај Алборг најдобар беше Сандел со еден гол помалку.

Унгарскиот ракометен гигант Веспрем, пак ги собра бодовите од дуелот со Динамо Букурешт со 33:30.