Поранешниот ракометар на македонскиот шампион Вардар, Тимур Дибиров, ја продолжи верноста со хрватскиот првак Загреб. Легендарното лево крило потпиша нов договор, кој има важност на две сезони и ќе остане „плинар“ најмалку до летото 2025 година.
Дибиров по заминувањето од Вардар веднаш се наметна во Загреб како лидер на теренот и е меѓу најдобрите стрелци на тимот во Лигата на шампионите. Покрај летечкиот Русин, нов договор со Загреб потпиша и десното крило Паоло Краљевиќ, исто така на две сезони.