Дибала се сели во Милано

124

Поголемиот дел од италијанските медиуми ја пласираа и информацијата дека вечниот ривал, тимот на Интер, е сериозно заинтересиран за услугите на аргентинскиот интернационалец од редовите на Јувентус.

Генералниот менаџер на „нероазурите“, Џузепе Марота, веќе остварил контакт со агентот на Дибала и за време на седбата го информирал дека брзоногиот напаѓач ќе ужива и ќе има статус на стандарден првотимец доколку се пресели на „Џузепе Меаца“.

Сепак, голем проблем за Интер ќе преставува обештетувањето затоа што челниците на Јувентус бараат најмалку 80 мил. евра за услугите на Дибала.