ДЗС: Попишани вкупно 618.120 лица, 191.839 домаќинства и 257.099 станови

20

Вкупно 618.120 лица, 191.839 домаќинства и 257.099 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика.
Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 192.827 лица.
Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.