Де Јонг желба на „Стемфорд Бриџ“

90

Актуелниот европски клупски шампион, тимот на Челзи, моментално важи за прв фаворит кога е во прашање потписот на холандскиот интернационалец од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Френки де Јонг. Офанзивниот играч за врска не крие дека е разочаран од моменталниот пласман на табелата и затоа сериозно ја разгледува и опцијата да си замине од „Ноу Камп“ на крајот од актуелната сезона.