Де Хеа најпосле донесе конечна одлука

91

Давид де Хеа на крајот се согласил да го обнови договорот со Манчестер Јунајтед за да остане во клубот уште неколку години, објавија англиските медиуми денес.

По прилично долги и тешки преговори, шпанскиот голман прифатил да го продолжи договорот за 4 + 1 година и да добива по 350.000 фунти неделно. Договорот ќе биде потпишан веднаш по враќањето од турнејата во Австралија и Кина.

Во последните години Де Хеа беше предмет на интерес од други клубови, но ова лето за него немало никакви понуди, па тоа веројатно исто така одиграло улога во одлуката на 28-годишниот голман.

Иако имаше променливи игри на крајот на минатата сезона, голманот беше избиран за најдобар играч на Јунајтед во 4 од претходните 5 сезони, затоа навивачите сигурно ќе бидат задоволни дека ќе остане на „Олд Трафорд“ уште долго време.