Де Хеа најплатен играч во Премиер

62

Ако се реализираат последните најави кои пристигнуваат од “Олд Трафорд”, тогаш првиот голман на Манчестер Јунајтед, за неколку недели ќе биде сопственик и на епитетот најскапо платен играч во англиската Премиер лига.

Репрезентативецот на Шпанија веќе неколку месеци преговара околу новиот договор кој треба да биде со важност до 2023 година. Доколку ја прифати понудата, Де Хеа ќе си обезбеди рекордна неделна плата од 365.000 фунти, што е поголема од таа која ја заработуваат Месут Озил и Алексис Санчез.