Де Хеа е трагичарот на Манчестер јунајтед

71

Манчестер јунајтед загуби од Вотфорд со 0:2 во меч од англиската фудбалска Премиерлига, а главен виновник е голманот Давид Де Хеа.

Шпанскиот чувар на мрежата направи катастрофална грешка со која му помогна на противникот да поведе во 50-та минута, а само четири минути подоцна, најслабиот тим во Премиерлигата даде гол и од пенал, па триумфираше со 2:0. За Вотфорд кој е последен на табелата, ова беше само втора победа сезонава, а прва на домашен терен.

На „црвените ѓаволи” не им помогна ниту појавувањето на Пол Погба кој паузираше два месеци, и одигра половина час.