Де Лихт достапен од 2022 година

33

Италијанските медиуми открија дека во договорот на холандскиот интернационалец од редовите на калчо гигантот Јувентус, Матијас де Лихт има и ослободителна клаузула која ќе биде активна од 2022 година. На крајот од идната клупска сезона, централниот дефанзивец ќе има право да ја промени средината, но официјалната понуда за неговите услуги не смее да биде помала од 150 мил. евра. И понатаму најголем интерес за неговите услуги покажуваат раководните лица на Манчестер Јунајтед и на Барселона.