Де Лихт бара нов клуб

131

Поголемиот дел од италијанските медиуми ја пласираа и информацијата дека централниот дефанзивец на Јувентус, Матијас де Лихт, сака да ја промени клупската средина на крајот од актуелната сезона. Репрезентативецот на Холандија е убеден дека со тимот од Торино никогаш нема да го освои трофејот во Лигата на шампиони и затоа ќе се обиде за време на летниот преоден рок да направи трансфер во редовите на Манчестер Сити, Челзи или Барселона.