Де Кро: Во Белгија нема олабавување на мерките, тоа би имало краткорочен ефект

37

Мерките во Белгија ќе останат засилени, рече белгискиот премиер Александар Де Кро, додавајќи дека последната недела е зголемен бројот на пациенти во болниците, што според него е причина за вознемиреност.

Поради тоа, властите избраа да прогласат „недела на чекање“ пред да донесат какви било одлуки за олабавување на мерките.

„Мислам дека секој од нас е свесен за фактот дека копнееме за повеќе можности и за таа слобода за која толку многу зборувавме. Ако ги олабавиме мерките сега, на несовесен и непромислен начин, тоа би имало краткорочен ефект, рече Де Кро.

Од почетокот на пандемијата во Белгија се потврдени вкупно 766.654 заразени лица и 22.034 починати.