Де Бруин ќе остане верен на Сити

45

Играчот за врска на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин е близу нов договор со клубот, информира „Дејли Мејл“. Преговорите постигнаа значителен напредок во последните денови и наскоро се очекува белгискиот репрезентативец да потпише со „граѓаните“ до 2025 година.

Актуелниот договор на Де Брујн е до 2023 година. Сепак, раководството на Манчестер Сити сака ново продолжување, што, се разбира, ќе доведе до зголемување на платата на играчот. Понудата е за неделна плата од 300.000 фунти плус разни бонуси.