ДЕЈЛИ МЕИЛ: Руски шпион ја украл формулата за вакцината АстраЗенека!

    158

    Руски шпион ја украл формулата за вакцината АстраЗенека, тврди порталот Дејли мејл. Русија денеска е обвинета дека искористила шпион од Британија за да ја украде формулата за вакцината на Оксфорд – АстраЗенека и на тој начин ја создала својата вакција Спутник В и со тоа да биде прва држава која произвела ефикасна вакцина против Ковид.

    Порталот Дејли мејл тврди дека безбедносни извори имаат докази дека московскиот крт во Обединетото Кралство бил физички способен да го добие најтајниот план – но не е јасно дали станува збор за документ од лабораторијата или фабриката на фармацевтскиот гигант, или вијала со готовиот лек кој потоа бил прошверцуван од земјатa за анализа.

    Се наведува дека Спутник В е мошне слична со АстраЗенека. И двете се вирусни векторски вакцини, што значи дека и двете користат друг заспан вирус за да го носат имунолошкиот агенс што потоа го уништува коронавирусот.

    Шпиони на МИ -5 веќе рекоа дека во март 2020 година руски хакери започнале обиди за сајбер напади на Универзитетот Оксфорд – околу еден месец откако британските научници објавија дека започнале со развој на вакцината.

    Во април минатата година од Оксфорд објавија дека ги започнуваат првите испитувања на луѓе, но следниот месец Москва рече дека измислиле своја вакцина и до август Владимир Путин даде ТВ обраќање до рускиот народ велејќи дека земјата победила на глобалната трка за создавање на вакција и задавајќи го првиот удар на „Ковид-19“.

    – Треба сериозно да се зафатиме со руската и кинеската шпионажа. Без разлика дали станува збор за кражба на дизајнот на АстраЗенека треба да бидеме мудри кон нив – тврди експерт за руски прашања, Боб Сили.