Дешам не се откажува од Погба

36

Селекторот на Франција, Дидие Дешам не се сомнева дека играчот од средниот ред на Јувентус, Пол Погба ќе може да и помогне на репрезентацијата на Светското првенство во Катар.

  • Неговото учество на Светското првенство е несомнено, изјави Дешам, за „Le Parisien“.

Претходно беше објавено дека играчот може да го пропушти Мундијалот 2022 поради операција.

Светското првенство во Катар ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември. Франција ќе игра во групата „Д“ со Данска, Австралија и Тунис.