Дешамп не ја отпишува Германија

30

Денеска, во 21:00 часот, ќе стартува дерби дуелот во групата „Ф“, пресметката помеѓу репрезентациите на Германија и Франција. Иако „панцирите“ играат на домашен терен, фаворитската улога и е доделена на Франција најмногу поради атомскиот напад предвоен од двоецот Мбапе-Гризман.

Сепак, предводникот на „Галските петли“, Дидие Дешамп, смета дека Германија и понатаму е во групата со најсилни репрезентации.

  • Првиот натпревар на шампионатот ќе биде одличен тест за нас, но и за Германците, затоа што сме меѓу најсилните во светот. Целта е да се биде агилен од двете страни на теренот бидејќи деталите ќе го решат натпреварот. Милер, Гнабри и Хаверц имаат одличен индивидуален квалитет и се без фиксни позиции. Тешко е да се игра против нив. Хаверц се движи низ целиот терен, Гнабри може многу да трча, а имаат играчи како Вернер и Сане, изјави Дешамп.