Деца на возраст од една и три години помеѓу новозаболените

372

По масовното тестирање на текстилните работнички од конфекцијата, но и на работничките од други конфекции кои се превезувале во истите автобуси, денеска во здравствениот билтен се регистрираат 14 новозразени во Штип и Карбинци, од кои две се деца на возраст од една и три години.

 По денешните нови случаи Центарот за јавно здравје – Штип денеска упати уште еден апел.

-Состојбата со пандемијата не погодува сите, па така и најмладите. Меѓутоа и другарувањето на отворен простор мора и треба да има свои ограничувања. Задолжително треба да се избегнува групирањето во групи поголеми од две лица, носењето на заштитна маска е задолжително и на отворено кога не е возможно да се одржи потребната физичка дистанца од 1,5 до 2 метри. Одржувањето на хигиената на рацете и личната хигиена е од клучно значење за заштита од овој вирус, се вели во апелот од Центарот за јавно здравје – Штип.