Децата од градинката „Брешија” први ја донесоа новогодишната атмосфера во Дебар

107

Најмладите од детската градинка „Брешија” први ја донесоа новогодишната атмосфера во Дебар.

Заедно со своите воспитувачки, предводени од директорката Ајрие Дачи, освен просториите кои ги разубавија деновиве, од вечерва во полн сјај светна и дворот на градинката, во кој се поставени и цртежи со омилените ликови од бајките.

-Децата се нашата радост, а за нив најголема радост е Новата година и секако Дедо Мраз. И сега пред новата година, како и изминатите, децата со воспитувачките и другите вработени со посебна радост учествуваа во китењето на дворот. Онака како што заедно се тука во нашата установа така заедно и учествуваа и се радуваа на оваа активност, вели директорката Ајрие Дачи.

 

Градинката „Брешија” е единствена ваква установа во општина Дебар. Во неа се сместен над 300 дечиња. Поради идеалните услови за престој интерсот за сместување во градинката е многу поголем од постојните капацитети.

Новогодишно руво ќе добие и градот. Од локалната власт најавуваат китење и поставување голема елка во центарот на градот.