Децата на Роналдо мора да почитуваат шест правила

194
epa10210490 Portugal's Cristiano Ronaldo reacts during the UEFA Nations League soccer match between Portugal and Spain at the Municipal stadium in Braga, Portugal, 27 September 2022. EPA-EFE/HUGO DELGADO

Најдобриот португалски фудбалер, Кристијано Роналдо, никогаш не криел дека сака да има многу деца, а стручњаците тврдат дека таквата негова опсесија е во тесна врска со неговото детство. Во 2010 година, Роналдо, со помош на сурогат мајка, го доби својот прв син, Кристијано Јуниор, а неговата тогашна девојка, познатиот модел, Ирина Шајк, беше во шок од целата ситуација.

Сепак, Португалецот на никого не му се правдаше и никогаш не призна зошто толку сака да има многу деца. Во јуни, 2017 година, Роналдо ги доби близнаците Ева и Матео, исто така со помош на сурогат мајка. Пет години подоцна, неговата актуелна девојка, Џорџина Родригез, на свет донесе уште еден пар близнаци, Анхело и Бела, но неколку часа подоцна, Анхело почина.

Во документарниот филм неговата девојка Џорџина признава дека Роналдо има строги правила кога е во прашање воспитувањето на децата и дека често пати, таа и неговата фамилија сакаат кога Кристијано е отсутен затоа што само тогаш децата можат да јадат пица.

1.Најстариот син на Роналдо секој ден тренира фудбал и тоа по неколку часа. Потоа, се тушира со ладна вода и не смее да јаде брза храна.

2.Во домот на Роналдо нема место за брзата храна. Тие јадат само здрави оброци со многу овошје и зеленчук, додека слатките не се пожели. Газираните пијалоци се забранети, вода се пие цел ден и целата фамилија вежба.

3.Ако случајно изедад нешто благо, децата на Роналдо мораат веднаш да вежбаат. Во 2016 година, Роналдо објави видео од 6-годишниот син кој трчна на траката за трчање и збори: „Изедов сладолед, сега е време за вежбање“.

4.Во куќата на Роналдо не се штеди кога е во прашање образованието. Децата се запишани во престижни училишта кои чинат милиони евра.

5.Каде и да се неговите деца, тие можат да уживаат во приватни базени, јахти, вили, соби за играње.

6.Физичката активност и исхраната на Роналдо не се единственото нешто кое мора да го следат неговите деца. Истото важи и кога е во прашање личната хигиена. Роналдо лично проверува дали децата ги измиле своите раце пред да јадат.