Децата и младите ќе креираат дела од отпад од пакување

47

Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување „Еуро-Екопак“ oд Скопје, во соработка со Детскиот ликовен центар, објавуваат конкурс за учество на Меѓународна изложба на творби на деца и младинци на тема „Творење и креирање на дела од отпад од пакување“. Учество можат да земат учениците од основните училишта на возраст од 11 до 14 години и од средните училишта на возраст од 15 до 18 години.

Како материјал за творење можат да се користат пластични шишиња, лименки, и други отпадни материјали од пакување. Може да се учествува со изработени скици, цртежи, скулптури и колажи на хартија, картон (со димензии-блок бр. 5), релјефи на картон во плиток или подлабок релјеф и тридимензионални скулптури од различен материјал со димензија најмногу до 1 метар и 50 сантиметри.

– Рокот за прием започнува од 15 мај, а завршува на 5 октомври 2022 година. Творбите може да се донесат во Детскиот ликовен центар – Здружението на ликовни педагози, библиотека „Другарче – Кинотека“, на улица „Никола Русински“-1, Карпош 3 спроти гимназијата „Никола Карев“ – информираат од Детскиот ликовен центар.