Дефиниран наследникот на Зинченко

46

Актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити, ќе се обиде до крајот на летниот преоден рок да ги осигура услугите на хрватскиот интернационалец од редовите на германскиот бундеслигаш Штутгарт, Борна Соса. Офанзивниот лев бек е дефиниран како идеална замена за украинскиот интернационалец, Олександр Зинченко, кој пред неколку дена беше продаден на лондонскиот премиерлигаш Арсенал за 30 мил. фунти.