Дефинирана цената на Тонали

124

Раководните лица на новајлијата во италијанската Серија А, тимот на Бреша, потврдија дека се подготвени да седнат на преговарачката маса со сите клубови кои ќе покажат интерес за услугите на големиот талент, Сандро Тонали.

Репрезентативецот на Италија игра во фантастична форма и сосема очекувано го привлече вниманието на сите европски гиганти. Сепак, младиот играч за врска ќе биде продаден веќе во јануари доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 40 мил. евра.