Дефинирана цената на Ракитиќ

64

Актуелниот шампион на Шпанија, тимот на Барселона, ќе се обиде за време на летниот преоден рок да се ослободи од услугите на хрватскиот интернационалец, Иван Ракитиќ.

Одличниот играч за врска има договор со каталонскиот гигант до 2020 година, но се погласни се шпекулациите дека Барса не сака да ја продолжи соработката. Репрезентативецот на Хрватска ќе биде продаден на првиот клуб кој ќе испрати официјална понуда која нема да биде помала од 65 мил. евра.