Дефинирана цената на Лингард

132

Англиските медиуми открија дека раководните лица на Манчестер Јунајтед донеле конечна одлука кога е во прашање клупската иднина на Џеси Лингард. Крилниот напаѓач е во сопственост на „црвените ѓаволи“, а вториот дел од актуелната сезона го одработува како позајмен играч во дресот на Вест Хем. Репрезентативецот на Англија игра како препороден во Лондон, редовно се запишува во листата на стрелци, но ќе му биде дозволено да си замине од „Олд Трафорд“ доколку понудата за неговите услуги не биде помала од 30 мил. фунти.